Прв обид на Гучи во козметичкиот свет: Ќе лансира мејкап линија во септември

Гласините завршуваат со веста која пристигнува од италијанската модна куќа Гучи која официјално потврди дека козметичката линија ќе ја лансира во септември.

 

Шарлот Касираги, внуката на Грејс Кели

Шарлот Касираги, внуката на Грејс Кели

Ова е прв чекор на Гучи во козметичкиот свет. Линијата е направена во соработка со Проктер&Гамбл, компанијата со која италијанската модна куќа ги реализираше двата парфема Гучи Премиер и Гучи Гилти.

Веќе е познато и заштитното лице на рекламната кампања – Шарлот Касираги, ќерката на принцеза Каролина од Монако, која веќе еднаш беше модел на Гучи во кампањата „Forever Now“.

Новата козметичка линија ќе содржи шминки за очи, кармини, лакови за нокти, четки за шминкање и производи за нега на кожа.

x

Check Also

Направете сами препарат за нега и побрзо растење на трепките

Густите и долги трепки придонесуваат за подобар изглед на окото и за ...