Прв пијано маратон на македонската музичка сцена  „8 ЧАСА ЉУБОВ – ПИЈАНО МАРАТОН“

Во недела на 06.06.2021 вратите од салонот на Пијано Центре во склоп на  Национална Опера и Балет ќе бидат отворени за сите вљубеници во пијанизмот.
Започнувајќи во 11 часот со експозе, промоција и презентација на новите пијана во Пијано Центре, па се до 19 часот публиката ќе има можност да слушне 10 концерти (полу рецитали) на 13 пијанисти.
За прв пат, промотивно на нови концертни пијана,во различни термини маратонски ќе настапат врвните пијанистички имиња: Марија Ѓошевска, динамичното трио „ТРИПТИХ“ – Марија Вршкова; Елана Атанасовска – Ивановска и Сара Пројковска; Дино Имери; пијанистичкото дуо: Емилија Маринова  и Верица Шотарова; и Андреј Наунов, како и младите виртуози: Милан Дучевски, Гоце Златев, Инес Неделковска, Горјан Стојановски и Виктор Рафајловски.
Влезот е слободен, но ограничен според протоколите на здравствената организација.

x

Check Also

Халкбанк со поддршка на четвртото издание на Beach Film Festival Ohrid 2021

Од 21 до 25 јули, на плажата Горица 3 во Охрид ќе ...