Прв поглед на колекцијата Puma x Sophia Webster

По успехот на колекциите реализирани во соработка со Ријана, Кара Делевињ и Кајли Џенер, германската спортска марка Пума влегува во нов предизвик – колекција дизајнирана од популарната британска дизајнерка на чевли и чанти Софија Вебстер.

„Дизајнирањето на спортска облека за мене беше сосема нов свет. Сакав да понудам индивидуални парчиња кои не само што ќе се носат во салата за вежбање, туку со нив ќе може да се излегува преку цел ден, па дури и на вечерни забави“, објаснува дизајнерката Вебстер.

Во колекцијата доминираат мотивите од пеперутки и еднорози. Самата колекција пак, вклучува хеланки и шорцеви за спорт, маички, тренерки, градници за вежбање и прекрасни модели на патики.

Спортските парчиња ќе бидат во продажба стартувајќи од 9-ти септември.

Во меѓувреме, „фрлете“ прв поглед на колекцијата Puma x Sophia Webster.

 

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...