Прв поглед на новата линија од H&M: Патувањето на фустанот

H&M Conscious е нова линија од популарната шветска модна марка H&M, а модните парчиња се креираат од рециклирани материјали.

Розовиот плисиран фустан е првото парче од оваа колекција кое ни го претставува H&M. Фустанот е изработен од рециклиран пластичен отпад собран на морското крајбрежје.

Заштитно лице на колекцијата е руската прочуена манекенка Наталија Водјанова.

Новоста е и во тоа што колекцијата ќе содржи модни парчиња не само за жени, туку и за мажи и за деца. Достапна ќе биде во продажба во сите продажни места на H&M и онлајн од 20 април.

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...