Прв полничок ангел на Викторија сикрет – Која е Лорена Дуран?

Убавицата со шпанско потекло, родена во Њујорк – Лорена Дуран е назначена за нов ангел на популарната марка за долна облека Викторија сикрет. Дуран е воедно и првиот полничок ангел во редовите на убавиците од Викторија сикрет.

Лорена Дуран во кампањата на Violeta by Mango

„Среќна сум и горда на новата работа. Време е за различности. Им благодарам на сите од тимот на Викторија сикрет што направија моите соништа да станат реалност“, напиша Лорена на Инстаграм.

Дуран работи како „плус сајз“ модел од својата 17-годишна возраст. Работела за брендовите Асос, Интимисими, Манго, како и за колекцијата на Софија Вергера за Валмарт.

Висока е 175 см, има зелена боја на очи, а носи конфекциски број 42-44.

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...