Првата холивудска диета е „масло“ на Џоан Крафорд

Холивудската дива Џоан Крафорд ја измисли првата холивудска диета која стана хит меѓу генереациите кои ја имитираа. Диетата која ја држела Крафорд предвидувала внес од само 305 калории на ден.

џоан 2

Секојдневно слушаме за нови холивудски диети кои стануваат хит меѓу „обичните“ девојки се додека не се појави следната супер-диета исфорсирана од некоја позната глумица. Но, дека станува збор за многу стар тренд кој датира од самиот почеток на Холивуд покажува списанието од 1929 година.

Во американското списание Фотоплеј отпечатено пред 84 години објавен е напис кој ја критикува бизарната диета на прочуената глумица Џоан Крафорд која претставувала пример за мени на цели генерации млади девојки. Всушност, Џоан Крафорд е и „мајката“ на првата холивдуска диета, а еве како таа изгледала.

џоан 3 За појадок Крафорд внесувала нула калории, односно само чаша топла вода.

Ручекот предвидува: 8 лажици бистра супа (13 калории), 2 солени крекери (100 калории) и половина домат (25 калории).

Вечера: околу 30 грама немасно сирење (50 калории), 2 кришки ананас (50 калории) и чаша млеко (67 калории).

За ужина диетата дозволувала максимум едно тврдо варено јајце (100 калории) и/или варен спанаќ (100 калории).

Вкупното дневно мени на Џоан Крафорд не го надминувало внесот на 305 калории, односно доколку се земат и ужините – 505 калории дневно.

Оваа екстремно-ригорозна диета била многу популарна меѓу девојките и жените кои сакале да личат на филмската дива Џоан Крафорд.

џоан 4 Во написот од 1929 година, познатата докторка Х.Б.К Вилс остро го критикува диетниот режим на глумицата, сметајќи го за крајно нездрав, и предлага модифицирана здрава верзија на истата, внесувајќи дузина други здрави намирници за појадок, ручек и вечера, достигнувајќи внес од 1.552 калории дневно.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...