Првата премија од 300 000 денари од инстант лозот ДИЈАМАНТ исплатени од Државна лотарија на Македонија

Првата од 15-те најголеми добивки од инстант лозот ДИЈАМАНТ, вредна 300 000 денари, денес 08.11.2017 год. беше исплатена во просториите на Државна лотарија на Македонија. Среќниот добитник е Живко Илиески од Битола , кој во придружба на своите две ќерки ја посети благајната на Државна лотарија . Иако често игра инстант лотарија и гребе од сите лозови , пред неколку дена на роденденот на неговата ќерка решил да си ја проба среќата со најновиот лоз ДИЈАМАНТ. Во продажното место ВАГАБОНТ , лоцирано на Широк Сокак во Битола , купил 10 лоза Дијамант. На едниот од нив имал симбол прстен кој му донел  добивка вредна 300 000 денари.

Среќниот добитник е Живко Илиески од Битола

Инаку Живко покрај тоа што е редовен играч на инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија и самиот е сведок на добиени повеќе добивки од инстант лотаријата во неговото опкружување. Па така еден од добитниците на автомобил ГОЛФ од инстант лозот 7-ма Брзина е негов пријател , а пак еден од добитниците на Рено Твинго од инстант лозот ТВИНГОМАНИЈА е негов колега. Ни раскажа дека и тој во потрагата по нов автомобил е редовен играч и на инстант лотаријата АВАНТУРА и со задоволство ќе чека и втората серија од овој инстант лоз , подготвен да го пронајде автомобилот КИА СПОРТАЖ.


Инстант лозот Дијамант нуди 15 добивки од по 300.000 денари, 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува.Дијамант е најновиот член на семејството на инстант лотаријата кој е пласиран на 18.10.2017 година и веќе донесе две  многу возбудливи и интересни приказни.

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...