Прво издание на фестивалот „SKOPJE FRAMES“ во МКЦ

SKOPJE FRAMES претставува меѓународен фестивал на краток филм што се организира за прв пат и кој ќе се одржи во МКЦ (кино Фросина).

Фестивалот се стреми да инспирира, унапреди и овозможи поддршка за креирање кратки филмови, особено во време кога пандемијата COVID-19 има значително влијание врз филмската индустрија. Како и споделување и зајакнување на заедничката желба и аспирации за уживање во кратки филмови

Програмата е составена од 12 кратки филмoви, кои ќе се прикажуваат во следните термини:

1 февруари (понеделник) | 18:00 ; 20:00 ; 22:00

2 февруари (вторник) | 18:00 ; 20:00 ; 22:00

Програма:

Име на филм | Режиран од

* Construct 42 | Никола Ангеловски

* Freight | Сава Живковиќ

* Winner | Семјуел Чован

* Apelul – The Call | Сефун Захариа

* Downfall | Бредли Коксеџ

* You know what I have nightmares about | Аглаја Филиповиќ

* Black and Faulty | Марко Џамбазоски

* Little One | Ана Андонова

* Mr. World | Јосип Трајкоски

* Aladdin’s Kitchen | Стефан Красиќ

* Deaflands | Бруно Велјановски

* Babush | Владислав Гавриловски

Билетите се достапи само преку bileti.mkc.mk по цена од 100 денари.

Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.

x

Check Also

Како најлесно да станете милионер?

Што би направиле ако добиете милион денари? Секој човек барем еднаш во ...