Прво Piazza Aperitivo со Даниел Данн утре во Piazza Liberta

Љубителите на вкусна храна, добар пијалок и одлична музика ќе имаат можност утре, четврток од 16 часот да уживаат на првото Piazza Aperitivo во познатиот бар Piazza Liberta во центарот на Скопје. Гостите ќе ги забавува музичкиот артист Даниел Данн кој ќе пее странски хитови.

„Сакаме гостите да дојдат по своето работно време и со купен пијалок кој го нудиме од специјалното креирано мени за тој ден ќе вкусат и храна на првото Piazza Aperitivo. Нашите готвачи ќе направат вкусни јадења од италијанската кујна. Ние ќе понудиме неколкучасовно дружење на сите кои сакаат да се забавуваат“ велат од Piazza Liberta.

Aperitivo е традиција во баровите и рестораните во Италија коe потекнува уште од 18ти век и започнува да се организира во градот Торино. Сите по напорниот работен ден, доаѓаат директно да се дружат во местата кои организираат Aperitivo.

x

Check Also

Во сабота започнува првиот фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”!

Викендов започнува долгоочекуваниот фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”, во организација ...