Иако многумина ќебапчињата и плескавиците ги купуваат веќе подготвени во месарниците, најдобра идеја е сами да ги подготвите – така се највкусни!
Често се смета дека вусните ќебапчиња и плескавици содржат различни „тајни состојки“, но најволшебното решение е всушност во едноставноста.
Важно е кромидот и лукот да бидат многу ситно исечкани за да ги испуштат своите сокови, а смесата од сите состојки би требало со раце да се „меси“ околу 10 минути додека се добие компактна смеса. Во смесата додадете и малку вода, а и половина лажичка сода бикарбона на 0,5 кг месо.
Вистинските мајстори за скара на смесата додаваат и малку јунешки лој, а може да се додаде (за пикантен вкус) и иситнете сува или свежа лута пиперка.
Во секој случак, пред формирањето на ќебапчињата и плескавиците, смесата е потребно да се излади еден час во фрижидер, а за тоа време во месото ќе се впијат дополнителните зачини.