Првомајски рецепт: Совршени ќебапчиња и плескавици

Иако многумина ќебапчињата и плескавиците ги купуваат веќе подготвени во месарниците, најдобра идеја е сами да ги подготвите – така се највкусни!

Често се смета дека вусните ќебапчиња и плескавици содржат различни „тајни состојки“, но најволшебното решение е всушност во едноставноста.

Така, главните и речиси единствени додатоци во месото се состојат во кромидот и лукот, солта и црниот пипер. На секои 0.5 кг. месо додадете 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 лажичка сол и половина лажичка црн пипер.

Важно е кромидот и лукот да бидат многу ситно исечкани за да ги испуштат своите сокови, а смесата од сите состојки би требало со раце да се „меси“ околу 10 минути додека се добие компактна смеса. Во смесата додадете и малку вода, а и половина лажичка сода бикарбона на 0,5 кг месо.

Вистинските мајстори за скара на смесата додаваат и малку јунешки лој, а може да се додаде (за пикантен вкус) и иситнете сува или свежа лута пиперка.

Во секој случак, пред формирањето на ќебапчињата и плескавиците, смесата е потребно да се излади еден час во фрижидер, а за тоа време во месото ќе се впијат дополнителните зачини.

x

Check Also

Тиквички од рерна во бешамел сос

Во текот на летото ги обожуваме тиквичките подготвени на најразлични начини, а ...