Првото коло ЛОТО 7, докажа дека новата игра нуди поголеми добивки, поинтересна игра и повеќе забава

Извлекувањето на првото коло од новата игра на среќа ЛОТО 7, донесе бројни изненадувања

  • Извлеченото црвено топче ги удвои добивките за 4, 5 и 6 погодоци

  • За прв пат во лото историјата 6ката донесе над 1. 200.000 денари

  • За прв пат добитници на 5ка ќе освојат над 6.000 денари

  • За прв пат 4ките вредат по 400 денари

Вчера се одржа најавуваното прво коло од новата игра на среќа ЛОТО 7, на Државна лотарија. Играчите и пошироката публика на Канал5 кои ја следеа ТВ емисијата, можеа да уживаат во комплетно новиот свеж изглед на лото студиото и интересните ТВ прикази на добивките во реално време. Доживувањето беше комплетното со оригиналната музика компонирана од композиторот Кокан Димушевски, како и со бројните видео и аудио ефекти.

Играчите кои учествуваа во првото коло имаа динамично и возбудливо 10минутно Тв шоу со нова енергија, во кое адреналинот растеше со очекувањето на црвеното топче. Паѓањето на ова црвено топче, значеше двојно поголема радост за сите чии броеви беа извлечени во категориите за 6, 5 и 4 погодоци.

ЛОТО 7 ги оправда очекувањата, како и симболиката на слоганот – Под среќна звезда.

Во првото коло ЛОТО 7, ѕвезда на вечерта беше црвеното топче. Благодарение на него, едната извлечена 6ка достигна вкупна вредност од над 1.219 621 денари. Како потсетување, во претходните девет години, од почетокот на приредување на лото играта на Државна лотарија (под името НовоЛото), највисоката добивка за 6 погодоци беше постигната во 2014та година и изнесуваше 343.011 денари.

Изненадени беа и сите 67 добитници на 5ка, за кои добивката изнесува по 6.584 денари, а до сега највисоките 5тки не достигаа ни по 3.000 денари. Фиксната добивка за 4 погодоци се удвои и секоја поединечна 4ка, од вкупно извлечените 1 469 вреди по 400 денари.

Кај Џокерот кој од сега може да се игра самостојно, примамливата премија од над 70 000 евра, ќе ја очекуваме за наредно коло.

Во второто коло ЛОТО 7, 7ката очекуваме да достигне над 28.600.000 денари.

Со играта ЛОТО 7, забавната и возбудлива потрага по поголеми добивки ќе се одвива и понатаму секоја среда и сабота, од 20:00 часот, на Канал5 телевизија, со Марјана Станојковска, но од среда 24ти април, се чини дека дополнителна среќа на играчите додава и слоганот на играта – ПОД СРЕЌНА ЅВЕЗДА.

x

Check Also

Неделен хороскоп (16. до 22. септември): Топ знаци на неделата – Вага, Близнаци и Лав

Оваа седмица и планетата Венера и планетата Меркур ќе блескаат во знакот ...