Пржени пиперки полнети со урда и салама

Одличен домашен рецепт за викенд закуска или за предјадење.

Од намирници потребни се  – 6 пиперки, 250 грама урда или сирење, 100 грама салама по желба, 2 јајца, 50 грама брашно, малку сол и црн пипер.

 Подготовка

1.Пропржете ги пиперките, саламата исечкајте ја на ситни коцки, потоа измешајте ја со згмеченото сирење или урдата. Излупете ги пиперките и наполнете ги со смесата. Наросете сол и црн пипер.

2. Изматете ги јајцата, додадете брашно и наполнетата пиперка добро извалкајте ја во смесата.

3. Пржете ги на врело масло додека не заруменат.

x

Check Also

Модар патлиџан од рерна полнет со сув врат и кашкавал

Летно јадење кое ќе ве освои „од прва“ Потребни намирници – 3 ...