Pull&Bear божиќни џемперчиња, ни овој декември не можеме без нив

Преслатките, таканаречени „грди“ џемпери декорирани со новогодишни и божиќни мотиви, и овој декември се на врвот на нашата шопинг листа. И колку повеќе се украсени со дедомразовци, ирваси, алмбиони, бомбони и други тематски украси, толку повеќе се послатки.

H&M

Инаку името „грди“ џемпери доаѓа оттаму што порано се сметало дека бабите и мајките рачно ги изработувале за своите внуци и деца ваквите џемпери и често биле несовршени и кичасти. Во 1980 година, „грдо“ џемперче облече Бил Козби во своето шоу, придонесувајќи за нивната популарност. Следната година веќе толку станаа популарни што масовно почнаа да се произведуваат под името „џингл бел“ џемпери. Во 2002 година, градот Ванкувер ја направи првата забава на која гостите беа задолжени да дојдат во новогодишни џемпери, а сега таквите забави се традиција.

А ако и вие не можете да го замислите Божиќ и новогодишните празници без едно вакво смешно и слатко џемперче, еве каде може да си купите.

pull&bear

pull&bear

pull&bear

reserved

H&M

x

Check Also

Victoria’s Secret со колоритни костими за капење за лето 2020

Супермоделот Тејлор Хил е ѕвезда на новата рекламна кампања за костими за ...