Pull&Bear колекција есен 2017: Доминација на карираното и плишот

Преку моден водич насловен „Today is Tomorrow“ модната марка Pull&Bear ја претстави есенската колекција.

Меѓу есенските парчиња во колецијата доминира трендовското карирано кое го гледаме и на предимензионираните палта, и на костумите. Плишот е подеднакво застапен, а фокусот е на плишаните фустани и ниски чизми од плиш. Џинсот вообичаено е присутен во сите облици, од тексас јакни до фармерки, сукњи и кошули, некаде е класичен, некаде пак накитен со нитни.

Пуф јакните се уште еден тренд кој е присутен кај популарната модна марка за млади, но тука се и кожените јакни обложени со вештачко крзно.

Особено фасцинираат мокасините во златна нијанса, како и црвените чизмички -чорапи кои оваа есен се апсолутен „маст хев“. За оние кои сакаат неутрални тонови, а ефектни модели, Pull&Bear нуди впечатливи кожени високи чизми на врзување.

x

Check Also

12 „кежуал“ модни парчиња од Springfield вредни за внимание

Се подготвуваме за зимската сезона со лежерни модни парчиња од омилените – Springfield. ...