Пушите? Вашата страст, за жал, не е веќе во мода

Ако до сега не сте ги баталите цигарите, после текстов веројатно барем ќе се потрудите.

cigari 1

Секогаш наоѓате причина за да ја запалите цигарата. Пушите од задоволство или поради незадоволство. Ве разбираме, ама…Вашата страст за жал, веќе не е во мода.  На неа се повеќе луѓе гледаат како на безобразлук.

Пушењето се повеќе се смета не само за опасно по здравјето туку и за непристојна навика. Во светот илјадници луѓе очајно се обидуваат да ја изгаснат цигарата и да престанат да пушат. Само 20 минути откако ќе престанете да пушите крвниот притисок и пулсот се намалуваат до нормални вредности, а рацете и нозете стануваат топли бидејќи циркулацијата се враќа на нормала. Осум часа подоцна нивото на холестеролот се враќа во нормала и се намалува ризикот од срцеви болести. 24 часа подоцна се намалува ризикот од срцев напад, а 48 часа подоцна се подобруваат сетилата за мирис и вкус бидејќи се обновуваат нервните завршетоци во устата и грлото. Две недели до три месеци подоцна се подобруваат циркулацијата и телесната форма, па одењето и другите активности стануваат полесни. Еден до девет месеци подоцна се намалува кашлањето и проблемите со синусите, расте енергијата, се намалува заморот и се зголемува спосбноста на белите дробови да се борат против инфекции. Една година подоцна ризикот од срцев напад е за половина помал отколку кај пушачите и продолжува да се намалува. Пет години подоцна е двојно намалена веројатноста од смрт поради рак на белите дробови, на устата и на грлото, а десет години подоцна смртноста од рак на белите дробови е драстично намалена и приближно е еднаква како кај непушачите и се појавуваат нормални клетки на местото од претканцерозните клетки во системот за дишење.

Потценување на опасностите

Цигарите влијаат врз секој дел од телото, предизвикуваат болести на срцето и различни видови на карциноми, како и проблеми со плодноста. Но ако престанете да пушите пред 35-та, можете да живеете еднакво долго како и непушачите. Голем број од пушачите покажуваат дека сеуште наголемо ги потценуваат сите опасности кои доаѓаат со пушењето. Се проценува дека пушењето предизвикувца 80 настотна смртност од рак на белите дробови. После ракот на дојката, ракот на белите дробови е најчестиот облик на смртоносен карцином. Иако тутунската индустрија тврди дека пушењето е повеќе навика отколку зависност, сепак потврдено е дека и никотинот е вид на дрога. Влегува во крвотокот во рок од седум секунди по вдишувањето.

Мерило за степенот на зависноста е издржливоста до првата утринска цигара. Половина од пушачите неа ја палат во рок од половина час откако ќе станат од спиење. Некои ја палат веќе пет минути по будењето, а ретки се оние пушачи кои успеваат да издржат два часа. Неспорно е дека се трујат и непушачите со пасивно пушење. Имено, и чадот кој го вдишуваат непушачите може да предизвика рак на белите дробови. Сите деца чии родители пушат го вдишуваат чадот и истата количина на никотин како да испушиле 100 цигари годишно.

Поради пушењето старее и кожата и настануваат брчки особено околу устата. Пушењето е најголем виновник за болестите на срцето и крвните садови, а опасноста од инфаркт и мозочен удар е два пати поголема кај пушачите отколку кај непушачите.

cigari 2

Сите пушачи се зависници. Само малкумина од нив не се зависни од никотинот. Тие пушат одвреме навреме и не повеќе од пет цигари на ден. Кога ќе престанат со пушењето не покажуваат знаци на криза. Токму никотинот е тој што ја создава зависноста, но секогаш е присутна и психолошката зависност од цигарите. Но без разлика дали пушите многу или малку, во мозокот постојат рецептори кои реагираат на никотин. Стручњаците велат дека кога ќе се претера со пушењето, тие рецептори се блокираат, мозокот доаѓа во состојба на заситеност и создава нови рецептори. Затоа е корисно одвикнувањето со помош на мали дози на никотин.

Како да ги баталите цигарите?

Никотинот е токсичен и ја забрзува работата на срцето, ги стеснува крвните садови, го зголемува крвниот притисок и ја смалува еластичноста на кожата. Никотинот има и други влијанија кои пушачите обично ги сметаат за позитивни. Имено, тој го намалува апетитот. Но ако се зема контролирано, на пример 2 милиграми колку што содржат мастиките за одвикнување од пушење е еднакво на 1/3 од една цигара. Друг начин за одвикнување од никотинот со помош на мали и конторлирани дози на никотин се фластерите. Тие се применуваат во зависност од степенот на зависност, односно во зависност од тоа колку цигари дневно пушите. За оние кои пушат повеќе од 20 цигари дневно е потребна поголема доза, но и таа постепено се намалува. Со помош на фластерите се добива одредена доза на никотин во текот на целиот ден. Мастиките се замаат во моментот кога ќе почувствувате желба за цигара, но никако не смее да се земат повеќе од 30 мастики на ден зашто може да станете зависник од мастиките.

Зошто?

Кога ќе ги оставите цигарите повеќе ќе го немате непријатниот утрински здив, исчезнува задишувањето кое инаку го чувствувате после само 4-5 скали и што е најважно повеќе нема да си ги претворите парите во чад.

(Robert R. Denton/CU Independent Photo Illustration) Ако сте преминале на „лајт“ цигари тоа не значи дека сте го намалиле ризикот. Имено, за да ја задоволат потребата за никотин пушачите на „лајт“ цигари го зголемуваат нивниот број, пушат се до филтерот и подлабоко го вдишуваат чадот, па така канцерогените елементи стигнуваат подлабоко во белите дробови.

Косата ќе ви добие најпосле природна боја, ќе исчезне никотинското жолтило, за неколку месеци ќе можете повторно да уживате во одамна заборавените мириси и вкусови. За неколку денови здивот станува пријатен, забите стануваат бели, исчезнуваат жолтите дамки од прстите и од ноктите, срцето повеќе не чука забрзано при најмал напор, а шансите да умрете од рак, инфаркт или од мозочен удар значително се намалуваат. Престанува печењето во желудникот, кожата станува еластична и сјајна, а сивилото и уморниот изглед исчезнуваат.

Една мала утеха

Никотинот во мали дози ја зголемува способноста за концентрација и го подобрува помнењето. Се претпоставува дека во одредена мера заштитува и од Алцхајмерова болест, но тоа не е докажано. Познато е дека ги стега крните садови кои го хранат мозокот, а тоа е секако штетно. Задоволството го осиромашува животот на оние кои се зависни. Чувството на пријатност може да се спореди со она на бебињата кога во уста ќе им стават цуцла. Стрес-никотинот нема смирувачко влијание туку напротив, раздразнува, но за пушачите зависници тоа придонесува за „смирување“ и дава чувство на сигурност особено во тешките моменти. Со престанокот се менува и метаболизмот, многумина не знаат што би правеле со себе, па постојано нешто грицкаат иако овие не се доволни за да им послужат како утеха на оние на кои одвикнувањето од пушење не им оди од рака.

В.Г.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...