QUEEN OF BRILLIANCY INTERNATIONAL 2017: Македонката освои две титули

Вчеравечер во Таичунг, Тајван, се одржа финалето на изборот за QUEEN OF BRILLIANCY INTERNATIONAL 2017.
Македонија ја претставуваше 20-годишната Ана Трајковска која направи голем успех освојувајќи ја титулата втора придружничка, во конуренција на 60 девојки од исто толку држави од целиот свет. Победничка е претставничката на Еквадор, а титулата прва придружничка ја освои мисицата од Куба.
Ана за титулата доби парична награда од 3.000 американски долари и други вредни подароци. Таа освои уште една титула, прва придружничка на Miss Popularity, специјална награда од организаторот.
Македонката помина 20 дена на Тајван, преку лиценцата која за овој избор за убавина ја поседува Модното студио Црнокрак.

x

Check Also

Папаз во Сараево пречекан со голем аплауз за модната ревија од лимитираната колекција Три

Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна ...