Quilling time, филигранска уметност од хартија во вашиот дом

Уживаме во уметноста во сите нејзини форми. Секоја уметност бара посебно внимание, љубов и трпение, но квилинг уметоста бара целосно посветување од почетокот до самиот крај на изработката, без опуштање, без простор за пропусти.

Благодарение на моќта на социјалните медиуми се запознавме со креативноста на една млада дама која изминатите месеци полни со предизвици ги посвети на уметноста, создавајќи филигрански дела од хартија. 

– „Quilling time“ како бренд постои повеќе од половина година, додека самата идеја за создавање на ваков бренд има малку по длабоки корени. Може да кажам дека самата љубов кон оваа техника иде заедно со љубовта за филигранот , без разлика дали тоа е некои парче накит изработено од сребро или пак некоја слика изработена од срмен конец. Но сепак мислам дека Квилингот како техника или како што уште се нарекува филигран од хартија е нешто во што успеав да се пронајдам, вели креаторот на овој бренд Ивона Станковска.

– Брендот „Quilling time“ изработува разни слики со многу теми, од кои може да издвојам, слики со имиња, слики за новороденчиња со податоци како дата и ден на раѓање, тежина, висина, час и име на новороденчето, понатаму овој бренд изработува и картички односно честитки за секакви прилики со разни дизајни, понатаму изработуваме и слики со многу други разни мотиви како што се детски мотиви, филигран пеперутки, цветови, но и мотиви по желба на купувачите.

– Во однос на материјалите тоа се пред се ленти од хартија, во разни бои, лепак за харија, понекогаш и силикон, како и рамки за самите слики. Понатаму се користат и неколку алатки кои се потребни за обликување на самите форми, како главна алатка може да се каже дека е иглата со која се мота самата хартија, ножици, пинцети, табла со основни форми како и други алатки со чија помош се создаваат формите.

– Во однос на техниката тоа е прилично стара техника со корени од антички Египет, преку ренесансата па се до ден денес. Но најразиен сенс или култура за овие дела има пред се на Западот.

– Времето кое е потребно за изработка на една декоративна слика, зависи од самиот мотив. Просечно можам да кажам дека за изработка на една слика за новороденче или пак слика само со име потребно е не повеќе од 3-4 часа. Но доколку станува збор за слика со некој друг мотив зависи од самиот мотив и од самата големина на сликата.

– Сметам дека во ова време – невреме, и покрај тоа што многу работи запреа, вакви дела оживуваат и создаваат нови спомени, за некои нови поубави времиња. Овие дела изработени со оваа техника оставаат голем впечаток, особено на прв поглед. Сликите за новороденчиња и сликите со имиња создаваат убава меморија и убави спомени кога се подарени со многу љубов.

– Сликите со други мотиви се одличен начин за декорација во секој дом. Додека пак каричките или честитките се одличен начин да честитате нечиј роденден, годишница, брак или некој успех или достигнување.

Сметам дека секоја рачна изработка, независно дали станува збор за квилинг, се прави со многу трпение и љубов и секако дека има посебно значење.

x

Check Also

Mango Committed 2021, колекција дизајнирана за пролет/лето со еко-материјали

Моделката Фелис Ноурдхоф позира за колекцијата на Манго за сезоната пролет/лето 2021. ...