Работата во модната индустрија не е мед и млеко

Дали модната индустрија е една од најсуровите? Новото истражување го потврдува тоа и оди уште подалеку: луѓето кои работат во модната индустрија се незадоволни од своите работни места.

moda 1

Истражувањето предводено од Агенцијата 24 Севен, осветлува нова тема во модната индустрија. Според ова ново истражување атмосферата за работа во оваа фела е многу непријатна. Опширната анкета е направена на 1.300 испитаници, професионалци кои со години работат во модниот бизнис и малопродажбата и кои отворено кажуваат дека би ја заменила стресната работа со некоја полежерна. Имено, резултатот од истражувањето вели дека вработените во модната индустрија се незадоволни од своите работни места.

Од сите испитаници најзадоволни се оние кои работат во козметичкиот сектор (60 отсто), додека овој процент се намалува (48 отсто) кај вработените во текстилната индустрија и малопродажбата, а најнезадоволни се оние кои работат со лајфстајл брендовите. Што се однесува до газдите, најзадоволни од своите директори се вработените кои работат за луксузните брендови и интернет продажба.

kozmetika 66 отсто од анкетираните вработени во козметичките фирми се изјасниле дека не чувствуваат посебна лојалност и дека би сакале да ја заменат работата што поскоро. Фрапантен e процентот од дури 86 отсто од анкетираните вработени во текстилната индустрија и малопродажба кои се изјасниле дека веднаш би ја заменила работата со друга.

moda 2 30 отсто од вработените во секторите за убавина и козметика не се задоволни од своите месечни примања, а кај вработените во текстилната индустрија тој процент изнесува 36 отсто. Сличен процент се добива на прашањето дали имаат време за приватен живот или работата им одзима премногу време од приватноста.

moda 3 Според испитувањето, стресот е застапен главно кај вработените кои имаат повисока функција. 68 отсто од директорите во козметичките компании сметаат дека се изложени на голем стрес, додека овој процент е помал (40 отсто) кај директорите во текстилната индустрија.

Студијата меѓу другото покажува и дека модната индустрија се’ повеќе aнгажира хонорарни соработници отколку што вработува луѓе. Во компарација со минатото таа бројка е дури 1 спрема 3 во однос на вработувањето, односно денес еден човек ќе биде вработен, а двајца ќе бидат ангажирани на хонорарна основа.

x

Check Also

Поглед на новата спортска колекција од Guess

Моделката Натали Роузер позира во новата кампања на спортска облека Guess за ...