Рафаел Надал се поднови со нова јахта 

Еден од најдобрите тенисери во светот, Рафаел Надал, си купил нова јахта, модел Sunreef 80 Power која е вкотвена во неговиот роден град Мајорка.

Јахтата може да прими 12 гости, а располага со четири кабини и еден апартман. Во составот на јахтата има и базен со водопади сместен на горната палуба, модуларен покрив, бар, простор за скара и раскошен простор за релаксација.

Од апартманот се излегува на голема тераса која претставува едно од најубавите места за уживање под сонцето.

Секоја кабина од јахтата е уредена во луксузен стил и располага со посебно купатило. Апартманот пак е врв на луксузот.

x

Check Also

Трикчиња кои секогаш успеваат: Како да ги растегнете тесните чевли

Сигурно ви се случило, сте купиле чевли и потоа заклучувате дека всушност ...