Раното станување е одлично и за регулирање на телесната тежина

Ако ви е потребна дополнителна мотивација за наутро да станувате порано од кревет, проверете во продолжение до каков заклучок дојдоа стручњаците.

Прво што докажа новата студија е дека луѓето кои стануваат рано се посреќни од оние кои долго остануваат во кревет наутро. Имено, раната утринска светлина директно влијае пријатно на нашето расположение. Дополнително, ако се навикнете да станувате рано, на работа ќе доаѓате поодморни и полни со енергија.

Научниците понатаму тврдат дека луѓето кои стануваат рано имаат помали проблеми со тежината. Станува збор за поврзаност меѓу здравиот начин на живот кој, освен раното станување, подрзабира и утринска физичка активност или прошетка, но и подготвување на здрав појадок. И уште повеќе, луѓето кои стануваат рано имаат повеќе шанси да ја задржат посакуваната телесна тежина.

Понатаму, истражувањето тврди дека раното станување гарантира подобар квалитет на сонот во текот на ноќта. Најпосле, раното станување има позитивен ефект на нашето ментално здравје.

x

Check Also

Три нови најдобри диети според U.S. News & World Report

Секоја година U.S. News & World Report заедно ја објавуваат листата на најдобри ...