Ранвеер Синг им покажува на фановите како да носат Durex Jeans

Ранвеер Синг ги проба Durex Jeans и ги повика фановите да ги носат по лансирањето на брендот на кондоми на 25 март 2017 година.

Ранвеер Синг обожава да ги крши стереотипите, без разлика дали е со неговиот необичен смисол за мода или преку препорака на бренд на кондоми, кои во Индија сеуште претставуваат табу, исто како и разговорите за секс. Ранвеер Синг, заштитното лице на Durex – брендот за кондоми, се појавува со последната иновација на компанијата – кондомот Durex Jeans. Суперѕвездата на Боливуд во интересно промотивно видео го пробува Durex Jeans кондомот, секако зад завесите. Актерот е  во мисија да промовира безбеден секс, без компромиси во поглед на задоволството.

Рекламата започнува со Ранвеер кој ги информира своите фанови за лансирањето на најновиот производ на Durex jeans, како и тоа дека тој ќе биде првиот кој ќе ги носи. Збунетоста на гледачите, како и нивната возбуда започнува кога актерот ја повлекува завесата и е покажан како ги закачува фармерките. Може да се слушне како возбудениот Ранвеер кажува “Луѓе, навистина добро стои”. Ранвеер ги проба Durex Jeans и ги повика неговите фанови да ги носат по лансирањето на кондомите на 25 март 2017 година.

Според веб страницата на компанијата, Durex Jeans кондомите се направени од квалитетен природен гумен латекс. Класичниот дизајн со лубрикација помага при постигнувањето на сексуално задоволство. Специјалниот начин на кои се изработуваат овие кондоми значи дека мирисаат подобро, што значи нема непријатни одвлекувања на вниманието, може само да се опуштите и да уживате.

Ова не е првиот пат Ранвеер да ги остави своите фанови со отворена уста преку оставање на нивната имагинација сама да донесе заклучок. Младата суперѕвезда ги изненади сите кога се појави во првата ТВ реклама на популарниот бренд за кондоми – Do The Rex. Енергичниот актор стана првата филмска ѕвезда од индиската А-листа да биде заштитно лице на бренд за кондоми и преку неговиот уникатен потег навистина ги импресионира неговите фанови.

Do The Rex рекламата во која е Ранвеер стана тема на разговор на сите поради нејзината кул и заразна песна и забавниот начин на кој Ранвеер ја портретираше важната тема на безбеден секс. Ништо бесмислено или премногу сериозно што би ги вознемирило членовите на просечно индиско домаќинство; рекламите на Durex се осврнуваат на важните теми на дискусија на лесен и едноставен начин.

 

 

 

 

 

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...