Раскошната Моника Белучи блесна на ревијата на Долче и Габана

Експлозија од бои, цветови, точки и модели во стилот на Фрида Кало – така помина ревијата на Долче и Габана на миланската модна недела.

На модната писта се појавија најбараните модели на денешницата – Сара Сампајо, Емили Ратајковски, Ешли Грем, но пријатно изненадување беа на модната сцена – Моника Белучи, Карла Бруни и Ева Херцигова, како и семејството Роселини.

Моника Белучи носеше црн фустан со точки со миди должина, модел кој ја истакнуваше нејзината сексапилност и женственост. Ева Херцигова го престави црниот вамп модел на фустан, додека Карла Бруни на пистата се појави во металик костум. А потоа, и Изабела Роселини, рака под рака, со нејзиниот деца Роберто и Елетра која пак, во раката го држеше своето дете.

Погледнете ја фотогалеријата.

x

Check Also

Сестричките Кардашијан и Џенер се расоблекоа за новиот бренд на Ким (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога популарните девојки од семејствата Кардашијан и Џенер ќе се обединат со ...