Ја заборавивте? Раскошната Викторија Силвстед се врати во суперсекси издание (ФОТО)

40-годишната манекенка Викторија Силвстед по подолга пауза повторно блесна на модната сцена покажувајќи дека и тоа како „не е за фрлање“. Напротив.

викторија 5

Минатата деценија шведската манекенка Викторија Силвстед не оставаше никого рамнодушен со своите женствени облини и нежен лик. Кариерата ја започна како претставничка на Шведска на Мис на светот во 1993 година, каде ги доби и првите договори за соработка со најголемите модни агенции.

Пред три години убавицата направи медиумски бум со автобиографската книга во која ги раскажува своите тешки денови на почетокот на кариерата, кога без динар во џебот пристигнала во Париз со желба да стане модел.

По не толку успешната актерска кариера во Холивуд и неколку објавени музички албуми, Силвстед и се врати на својата прва љубов – позирањето.

Во новата фотосесија за Линдекс во суперсекси издание уште еднаш покажува зошто ја заслужи титулата најсекси жена на светот.

викторија 4

викторија 3

викторија 2

викторија 1

x

Check Also

Мисицата Елена Анѓеловска утре ќе се бори за круната на Мис Глоуб во Торонто

Утревечер во Торонто ќе се одржи финалето на Мис Глоуб. Македонска претставничка ...