Растенијата на работното место го намалуваат стресот

На работното место со растенија во затворен простор, може да го намалите стресот дури до 60отсто и да ја зголемите продуктивноста до 30 отсто, покажува истражувањето на д-р Фрејзер Торпу од Универзитетот за технологија во Сиднеј.

Ние сите имаме вродена желба за врска со природата, оваа состојба се нарекува биофилија. Но многу од нас кои работат долги часови во затворен простор се опколени со технологија, ја губат оваа врска и тоа може да влијае на нивното здравје, пишува dynamicbusiness.com.au.

Испарливите органски соединенија (Volatile Organic Compounds, VOCs), кои се емитуваат од обични производи во канцеларијата – синтетичките материјали, средства за чистење, нов мебел, опрема, итн., можат да предизвикаат главоболка, губење на концентрација и проблеми со очите, носот и грлото.

„Нашето истражување докажува дека растенијата можат да го намалат за 80% VOCs и до 25% емисиите на јаглерод диоксид, така што носат значителни придобивки за здравјето”, објаснува Торпу.

Австралиската компанија Амбиус која е специјализирана во аранжирање на простории со живи растенија им препорачува на работодавачите да постават растенија на работните места за да се зголеми продуктивноста и ефикасноста на вработените. Само во март и април компанијата користела над 10 илјади растенија за аранжирање на канцеларии.

x

Check Also

Како ефикасно да ја негувате сувата и груба кожа?

Честата изложеност на ниските температури и студениот воздух значително го забрзуваат процесот ...