& Other Stories го лансираше новиот тренди водич наменет за колекцијата дизајнирана за потоплите денови. Новиот водич е насловен ‘Brightly in Bloom’ а се фокусира на моделите кои се лесни, разиграни и весели. Доминираат портокаловата и белата нијанса.Колекцијата содржи фустанчиња со флорален принт, практични и шик кошула-фустани, спортски комбинезонки, и други интересни модели за дневни излегувања. Во продолжение инспирирајте се од новата колекција на & Other Stories.