Разговори за модата со Маја Илиоска | манекенка, раскажувач и успешна маркетинг раководителка

Подолг период го договаравме овој разговор со Маја и сега кога конечно се состанавме во прекрасниот амбиент на едно скопско кафуле, не можевме, а да не опфатиме сѐ за нејзината кариера во манекенството, модната индустрија и тоа што го прави денес како успешен раскажувач и маркетинг раководител.

Пред 10 години, како манекенка, за првпат застана на модната сцена. Денес си успешна и во полето на маркетингот каде создаваш кампањи за моден бренд и соработуваш со различни манекенки и модни креатори. Можеш ли да направиш разлика меѓу модната сцена и манекенките тогаш, пред една деценија и денес?

– Манекенството и фото-моделството ме интересирале отсекогаш, а сега веќе по 10 годишното искуство навистина сум среќна за овој јубилеј. Првата ревија ја имав на Скопското Биенале во МОБ каде носев модел од Бразилски дизајнер што за мене беше неповторливо искуство. Во однос на разликата меѓу модната сцена и манекенките тогаш и сега, можам да кажам дека порано имавме поголем број на модни дизајнери кои се охрабруваа да прават самостојни модни ревии, што во денешно време е навистина реткост. Тоа провлекува помалку работа за секој од македонските модели, а со тоа и послаба модна сцена воопшто. Се сеќавам дека имаше периоди каде бевме со однапред закажани распореди, а денес тоа се сведува на неколку поголеми проекти во текот на годината каде позастапени се фотосесиите за некои од македонските брендови или модни дизајнери. Секако, новиот актуелен тренд каде како модели се појавувааат познати личости, блогери/ки и инфлуенсери/ки дополнително ја смалува работата на фото-моделите да бидат дел од кампањите на бредновите. Од друга страна имаме и промена на манекените, кои сега се посвесни за работните задачи и повеќе го ценат својот труд за разлика од порано, во пионерските денови на манекенството и фото-моделството во државата. Сумирано, она што и недостига на модната сцена е повеќе да се ценат домашните дизајнери и модели, но и создавање на нови македонски модни брендови со цел посериозен раст на оваа индустрија.

Гледаш ли предизвик сè уште во појавувањето на модната писта, во едиторијалите, во рекламните кампањи? Може ли да се живее само од моделство во Македонија?

– Секако, моделството за мене е соврешно прибежиште од секојневието и можност за уметничко-креативно изразување. Тоа е свет во кој можете да бидете се што ќе посакате. Сепак, овие години поради работните обврски моите активности со манекенството се со помал интензитет, а најголемиот дел од нив се во соработка со мојата драга пријателка, маестралниот моден дизајнер Силвија Михајловска со нејзиниот бренд Алшар и среќна сум што речиси 8 години сум дел од приказната за брендот кој овој месец го слави својот 11 роденден. Сепак, моделството во Македонија може да биде само хоби или хонорарна работа со оглед на тоа дека сме мал пазар и нема доволно проекти каде може добро да се заработи. И тоа ќе биде така се додека сме земја која е ориентирана само на текстилно производство користејќи ја ефтината работна сила, а не земја која гради сопствени силни брендови и ја развива модната индустрија на регионалните и светски пазари. Со тоа би имале и поголем број на ревии, едиторијали, рекламни кампањи и сл.  Tогаш може да размислуваме и за моделството како професија од која може да се живее. Се е поврзано.

Сега си, да кажеме, од другата страна на медалот. Соработуваш со модели, на некој начин ги промовираш, вклучувајќи ги во рекламните кампањи за Сара Фешн.Каде ја наоѓаш алката која ги поврзува двете твои страсти, манекенството и маркетингот?

– Спојот на манекенстово и маркетингот е нешто кое навистина ми годи, а да се работи во двете свои најпосакувани индустрии е повеќе од задоволство. Двете гранки се полни со креативност и претставуваат инспирација за уметничко реализирање со кое, иако се работи за различни индустрии, сепак се спојуваат во една иста цел. Во Сара Фешн сум речиси две години, а делувањето како маркетинг раководител во најголемата македонска компанија за долна облека, чорапи и хулахопки е важна задача, позитивно искуство и одличен предизвик за кој сум особено среќна. Соработуваме со модели, девојки и момци, жени, мажи и деца, бидејќи имаме постојана потреба за нашите фотосесии, рекламни кампањи или модни ревии што ги органзиравме. Се трудиме да промовираме и испорачуваме македоски производи, каде што во секој дел од проектот се вклучени македонски компании-соработници и поединци, а со тоа взаемно допринесуваме за подобра работа во државата, особено во сегментот на модната сцена т.е. во манекенството и фотомоделството.

Од неодамна ја покажуваш и твојата страст кон пишувањето кое, читајќи те, е за пофалба. Се јавуваш како раскажувач во првата едукативна боенка за Македонија – „Обоени спомени“. Кога се роди оваа желба за пишаниот збор и како?

 – Пишувањето за мене претставува место за релаксација и омилено катче каде заедно со моите пишани мисли создаваме дела. Нашето творење започна уште од песничките во првиот детски споменар, а потоа продолжи во тинејџерските години со обидот за роман кој остана во домашната библиотека. Потоа, кога пораснавме, започнавме да создаваме интересни статии и текстови за студенстките портали, а со тоа и осознававме нови полиња на креативност. Сега пишувањето е дел од мојата професија и работа, што особено ме радува. Интересно е што првите пишани зброви од детските споменари, резултираа со први објавени зборови во боенката за млади и возрасни „Обоени Спомени“ која претставува еден вид споменар или спој на спомени од сите делови од Македонија. „Colored Memories“ е проект на кој сум исклучително горда. Со задоволство ја прифатив поканата на фантастичниот тимот автори: Крсто Златков, Надица Златкова Митевска и Магдалена Таневска да бидам дел од првата приказна на овој бренд. Боенката го има својот раскажувач или туристички водич кој раскажувајќи ве води низ пределите на нашата убава земја и ве релаксира додека боите и истражувате нови спомени. По првата промоција пред речиси 10 месеци, одзивот е навистина одличен! Во овој период на празници и прослави среќни сме што повеќето млади и возрасни ја избираат оваа интерактивна боенка како подарок за своите блиски, а со тоа заеднички споделуваат обоени спомени.

 

Не можам, а да не те прашам, кои се твоите „трикчиња“ и ритуали кои редовно ги пременуваш за да останеш во фит форма?

 – Хм, искрена да бидам, единствениот “трик“ е правилната искрана. Кога мислам правилна исхрана за мене тоа претставува ставање клуч на фиоката со слатки, чоколади, грицки и на полицата каде можам да го земам лепчето и да го намачкам со ајвар и многу млечни производи. Тогаш на големо ги отворам плакарите со свежи салати, јаткасти производи, протеини и овошје во големи порции и „фит формата“ се враќа. Секако умереното дозирање на секоја храна е препорачливо, па гледам да го применам ова правило во секојневието, а гореспоменатиот “трик“ го вклучувам во периоди каде сум го прекршила правилото за прераспределба на оброците и сум уживала во многу вкусни задоволства.

 

 

x

Check Also

Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична на изборот за убавина ЕВРОАЗИЈА 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen ...