Разубавување на домот и дворот со новата колекција од Coincasa

Време е да се слави летото, така барем предлагаат од Coincasa рекламирајќи ја новата колекција.

Куба од времето на 50-те години е главна инспирација за дизајнот на парчињата, омаж на островот и боите – зелена, портокалова, црвена, жолта, како и на веселите улици и тропските коктели. Колекција која навистина претставува авантура на колоритноста, која го нагласува слободниот дух и забавите.

Природата е присутна насекаде, а меѓу најчестите мотиви се – овошјето, цвеќињата и листовите, тропските риби, папагалите и особено популарниот ананас.

Колекцијата содржи детаљи за разубавување на домот, од украсни перничиња до чаршави, вази и друг декор.

x

Check Also

ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНАА СТУДИИИТЕ НА ЛОНДОН МЕТРОПОЛИТАН УНИВЕРЗИТЕТОТ

Од денес и официјално стартуваа со настава сите три студиски групи по ...