Реални прогнози: марки кои најдобро ќе котираат на берзата во 2014

2014 година се очекува да биде полна со дебитанти кои се занимаваат со луксузна облека и дизајни произведени во Италија, поточно со мода и дизајн, а кои котираат на берзите.

armani 1

Истражувањето кое доаѓа од „Ла кватабили 2013“, осмото издание на годишната  анкета спроведена од страна на „Памбјанко – Стратегии на фирмите“, се фокусираше на марките произведени во Италија кои се пласираат во светот, а кои се однесуваат на модата и дизајнот и кои котираат или сакаат да котираат на берза.

Од 50-те модни прочуени куќи првите три места на најуспешни припаднаа на Џорџо Армани, Ерменеџилдо Ѕења и Долче и Габана, а од дизајнерските куќи првите најуспешни три се Картел, Флос и Б & Б.

Се предвидува дека овие марки ќе „владеат“ на берзата во текот на следните три до пет години.

М.Б.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...