Reebok ја лансира колекцијата во соработка со Викторија Бекам, и многу е шик!

Спорската марка Reebok го најави вториот дел на колекцијата реализирана во соработка со дизајнерката Викторија Бекам.

Надоврзувајќи се на претходната колекција, инспирирана од нејзините секојдневни спортски и модни ритуали, како и од долгогодишното сценско искуство, Викторија Бекам во новата колекција вклучува низа колоритни женски и унисекс парчиња облека и обувки.

Освен спортската облека, колекцијата вклучува и предимензионирани јакни. Достапна е во продажба во некои од продавниците на Reebok низ светот, како и во онлајн продажба на официјалната страница на Reebok.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...