Рекламите зборуваат едно, Белучи друго

„За црвен кармин треба да сум во форма!“

beluci vnatre

„Морам да бидам во специјално расположение за црвен кармин“, изјави италијанската убавица Моника Белучи за британското издание на „Мари Клер“.

„Ја сакам линијата на џиш црвени кармини на Долче и Габана, има огромен избор за секоја жена. Но, за јас лично да нанесам црвен кармин на усните, зависи каде сум и како се чувствувам. Ми се допаѓаат кармините кои даваат само сјај, а понекогаш додавам и малку камена пудра за да изгледаат повеќе мат“.
Миленичката на Долче и Габана, кои неодамна ја лансираа козметичката линија наречена по неа „Тру Моника“, во приватниот живот речиси и не се шминка.
„Никогаш не сум била роб на модата. Кога не работам, употребувам само основен мејк-ап, многу малку маскара и сјај за усни. Исто како мојата баба, убаво се чувствувам со многу малку шминка на моето лице“.

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...