Рекордна продажба на билети за изложбата на Александар Мек Квин

Музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон ќе биде домаќин на изложбата која го става под рефлекторите креативниот талент на еден од најиновативните модни дизајнери на сите времиња – Александар Мек Квин.

amk

Изложбата насловена “Alexander McQueen: Savage Beauty”  , која ќе биде отворена на 14 март, е прва голема европска изложба посветена на лондонскиот креатор кој почина во 2010 година, на 40-годишна возраст.

Само еден месец откако билетите се пуштени во продажба, до сега се продадени дури 30 илјади. Интересот на публиката да ја види ретроспективата на целата кариера на Мек Квин, од неговото деби во 1992 година до неговата последна колекција за есен/зима 2010/2011 која ја остави недовршена, е огромен.

Од музејот најавија дека иако билетите се распродадени ќе пуштат нови, уште 50 илјади во продажба, а времетраењето на изложбата ќе биде продолжено до 19 јули.

Ова е инаку втора светска изложба посветена на креаторот, по успехот на изложбата која беше поставена во Метрополитен музејот во Њујорк во 2011 година.

x

Check Also

Кара Дел Торо позира во костими за капење од летната колекција на YAMAMAY

Со спонтана фотосесија направена на италијанското крајбрежје, моделот Кара Дел Торо ги ...