Одвојте малку време за да се опуштите со новите модни парчиња од & Other Stories.
Новата колекција изобилува од парчиња пријатни за носење, дизајнирани за оние кои сакаат да останат дома. Од „кежуал“ комплети во неутрални тонови до џемпери, фустани, хеланки и панталони, најголем дел од нив од плетени, памучни и волнени материјали.
Палетата на бои се одликува со смирувачки нијанси на светло-беж, нежно сина и класична црна боја. Овие модни парчиња се одлични за уивање во домашна атмосфера, но и за брзо дневно излегување.
Во продолжение, дел од колекцијата.