REPLAY има супер чанти за оваа есен!

Модната марка REPLAY во есенската колекција ни нуди различни модели на чанти и ранци кои обединуваат неколку стилови. Играта не е само во дизајните, туку и во боите, па така оваа есен не мора да се одлучиме за класична неутрална нијанса, туку може да оставиме впечаток со изборот на жолта, светло зелена или црвена чантичка.

Познатата New Eve чанта оваа сезона може да се носи и во рака и на рамо, и понатаму останува најпродаван моден додаток од Replay. Како и до сега, доаѓа во сите големини, претставувајќи идеален моден додаток за дневни и ноќни излегувања.

Луксузната кожа, цветните детаљи и ткаенината со принт прават од New Eve „маст хев“ моден додаток. Но и другите модели воодушевуваат. Тука се макси чантите кои можат да се носат и преку рамо, а ранците пак нудат посебен спој на удобност и уникатност.

Погледнете ги нашите фаворити Replay.

x

Check Also

Филмски мултимедијален едиторијал на модниот дизајнер Папаз за колекцијата Три

Ангела Ѓоргиева, Бојана Нушкова, Евгенија Ризова, Маја Андоновска Илијевски и Катерина Кузмановска ...