REPLAY машка колекција есен/зима 2015-16

Што им нуди Replay на мажите за наредната сезона есен/зима?

Класичните Replay машки кошули од оксфорд ткаенини и ситна плетка  добиваат нов изглед со макси графички принтови со интересни дизајни.  Подеднакво свежи се и дворедните волнени капути на запетлување кои ќе направат да се издвојувате од останатите.

replayman_38

Контрасно, D-signer се фокусира на супер-остра кројка, во процесот издигнувајќи ги палтата како фундаментални парчиња на колекцијата. Сакоата со две копчиња со ревери, имаат ракави од вештачка кожа, а поплин кошулите  имаат потесен крој. Колекцијата Back to Black се движи подалеку од големото враќање на нијансирањето кое вклучува и моторџиски референци, сите усовршени со храбро користење на мека и третирана вештачка кожа. Најистакнат пример е екстрадебелата моторџиска јакна со темно сини контрастни рабови. Повторно, Essential се стреми кон задржување на основните елементи со нов интересен изглед благодарение на елементите каде чистиот дизајн и специфичните детали се спојуваат заедно во палетата на сиви, сини и бели нијанси. Што се однесува на монтките и маичките, даден е акцент на светлите елементи. Графичките прикази играат со Replay логото на многу колоритни начини, додека пак монтките се реверзибилни.

MAN_SINGLE_01_HR (Medium)

 

ЏИНС

Во суштина, модниот фактор се истакнува преку типот на конструирањето, материјалот и деталите. Ова се пренесува во моторџискиот стил со отвори и расцепи на колената или пак истите се пополнети и комбинирани со сатенска ткаенина или црна вештачка кожа. Како алтернатива, може да се одбере помеѓу „скини“ џинс со висок струк со стиснати набори, како и џинс со избледен ефект или ситни нитни во декоративна форма.

replayman_39
Мажите тенденциозно преферираат потесни или „скини“ фармерки, лесни и изработени од ултрамеки материјали. Црната боја е прикладна за секоја пригода, во комбинација со бела и бледо сина за добивање на контраст. Модерните винтиџ елементи на избелување, како и залистоците и ефектот на извалканост одат во прилог со расцепувања, закрпувања, вештачка кожа или восочни парчиња ткаенина. И за двата пола, најголемиот дел од колекцијата е изработена од меки материјали, додека пак етикетирањето ги следи критериумите на колекцијата.

x

Check Also

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија. По најавата за емитувањето ...