Replay пролет/лето 2019: SILVERLAKE effect

Новата колекција пролет/лето 2019 е инспирирана од шик соседството Silverlake во Лос Анџелес, каде се спојуваат повеќе етно стилови и култури, музиката и спортот….место кое дозволува експериментирање од секаков вид.

Слично како и насоката во која се движи Replay, нудејќи нови технологии и иновација со секоја нова колекција.

 

ТЕКСАС КОЛЕКЦИЈА

Изработката на тексас колекцијата на Replay е проследена со употреба на неколку иновативни технологии кои го збогатуваат квалитетот на секое парче, а во исто време ја заштитуваат природата.

Тука спаѓаат ICE BLAST, технологија која се користи за добивање на различни нијанси на тексасот, овозможува истите да ја задржат својата свежина и заштедува 80% од водата која вообичаено се користи вообичаено за ваков третман на материјалите.

LASERPAINT е третман на материјалот кој го има кај женските тексас модели, а дава уметнички изглед и чувство на рачна изработка.

Технологијата Hyperflex, која овозможува поголема флексибилност и удобност се користи кај машката

и женска колекција, кај чино панталоните и бермудите.

ЖЕНСКА КОЛЕКЦИЈА

Женската колекција претставува спој на котрастни бои и материјали. Црно-бели комбинации, кожени шорцеви во комбинација со блузи од шифон со впечатливи бои, фармерки со ласерски направени дезени стилизирани со блузи од органза, фустани со макси декорации и нежни памучни модели.

Eден дел од колекцијата е наречен Paradise Cove според област од Малибу – парчиња со разновидни принтови, кимоно со деликатни шари, блузи со животински мотиви, кожни јакни со контрастни бои и спортски манжетни, вискозни блузи и фустани. Носечки парчиња во колекцијата се блузите во риги со специфичен четвртест отвор на грбот и тантела на ракавите.

МАШКА КОЛЕКЦИЈА

Оваа сезона, во машката колекција преовладуваат црната боја, маички со рок принтови, специфични боења на џинсот, облеката со спортски елементи, како и бомбер јакните.

Нови парчиња во колекцијата оваа сезона се маиците направени од памук, кај кои е употребен третман со ензим кој овозможува ефект на свежина дури и во најтоплите денови.

Линијата Paradise Cove се провлекува и во машката колекција преку парчиња во Вестерн стил, етно блузи, специфични принтови, и карирани кошули карактеристични за Replay.

Маиците со моторџиски имиџ, џебови направени од кожа, нитни и јаки бои се добро избалансирани со пастелни тонови и направени од 100% природна вискоза.

x

Check Also

Капчиња и сламени шапки за лето 2019, еве каде да ги купите најубавите модели

Еден од најпотребните модни додатоци за топлите денови, покрај очилата за сонце, ...