REPLAY женска колекција есен/зима 2015-16

Новата колекција есен/зима 2015-16 одбележува нов почеток како што Replay еволуира органски и кохерентно, стремејќи се кон посвеж, избалансиран имиџ, но сепак останува доследен на принципите на брендот.

Следната зима девојките ќе се одлучат за „скини“ или boyfriend џинс, изминатата избираа помеѓу ултра-растеглив и хиперстреч материјал, за подоцна да одбираат комфорни и нерастегливи фармерки. Палетата на бои се движи од различни нијанси на црна, како и сина боја со богат енергичен интензитет.

replaywoman_ 6
Од архивите на брендот произлегува инспирација за пренасочување на вниманието кон логото и етикетирањето, оставајќи нов силен и импресивен графички исказ. Џинсот станува територија за храбри експерименти, додека пак дизајните на кошулите заземаат поелегантен правец. Покрај тоа, познатиот еко-пријателски дух на брендот се материјализира во форма на парчиња изработени од вештачка кожа и крзно, употреба на систем за перење со искористена вода, односно рециклирање на водата за перење. Меки, топли и лесни, јакните пружаат максимална удобност и овозможуваат леснотија при движењето. За крај, страста за континуирано предводење на трендовите, го води Replay кон редефинирање на дизајнот, формите и волуменот, материјалите и приспособувањето. Сето ова во тандем со автентичниот талент за дизајн и арт-иновациите резултира со лансирање на двете колекции и го пренесува брендот кон нови хоризонти – посовремени и со повисок квалитет. Четирите главни теми на колекцијата се: Contemporary Vintage, D-signer, Back to Black, Essential

WOMAN_SINGLE_01_HR (Medium)

 

ЖЕНСКА КОЛЕКЦИЈА

Современата винтиџ приказна се врти околу тексас материјалот. Избледени, избелени, искинати, реконструирани, комбинирани со вештачка кожа и ткаенини кои придонесуваат за гламурозен аспект. Безвременските омилени парчиња облека добиваат нов свеж изглед, како што е случајот со виндјакните со флуоресцентни вештачки крзна, „бомбер јакните“ со интересни релјефни ефекти, моторџиските јакни од вештачка кожа комбинирани со волна. D-signer е проекција на кул урбан стил за преку целиот ден. Синтетичка гума, најлон, смели бои, графики и текнички напредни принтови на горните делови од облеката, додека долниот дел од облеката е претставен со флуидни линии и материјали во нијанси на црна и сива боја. Свечената облека за вечерни излегувања се одликува со светкави елементи, иризација-прелевање на боите на виножитото, везови од монистра, стриктно дефинирани блузони и „бомбер јакни“ со целосни дизајни или со ефекти на фолија, пасмо, дигитални или фотографски принтови.

replaywoman_17
Back to black ги величи најтемните нијанси преку презентирање на скроени панталони со бели странични делови, „бомбер јакни“со плетен шав, смокинг без ракави со нитни прикачени на крагната од вештачка кожа. Не се изоставени ни широките моторџиски јакни со ефект на имитација на кожа, макси здолништа од вештачка кожа, како и маички со дигитални принтови.

replaywoman_10

Во колекцијата Essential, чистиот дизајн во нијанси на сино, сиво и бело се компензира совршено со светлите тонови кои ги дефинираат основите на најновата генерацијата. Памук, тексас и најлон ја комплетираат сликата, заедно со новиот графички израз на Replay логото и шарените реверзибилни монтки.

x

Check Also

Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична на изборот за убавина ЕВРОАЗИЈА 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen ...