Ретки фотографии од Александар Мек Квин во Тејт

Лондонската прочуена галерија Тејт се подготвува за голема изложба која ќе се случува на пролет насловена Ник Вејплинтон/Александар Мек Квин: работен процес.

a2

Изложбата ќе се отвори на 10 март 2015 година и ќе ја претстави соработката меѓу фотографот Ник Вејплингтон и модниот дизајнер Александар Мек Квин. Во 2009 година Вејплинтон ја документираше последната ревија на Мек Квин „Рог на изобилството” вклучувајќи го и работниот процес зад сцената, како едно креативно патување, пред самата смрт на дизајнерот. Фотографиите се објавени во книга достапна на интернет страницата на галеријата Тејт по цена од 62 долари.

a4

Мек Квин беше откриен во 90-тите години од страна на Изабела Блоу која ја откупи целата негова дипломска колекција Сентрал Сен Мартинс. Од самиот почеток, Мек Квин се служеше со шок-тактика и контроверзни парчиња облека кои во неговата истоимената етикета му го донесоа прекарот „Непослушно дете” кој пак му овозможи функција на креативен директор на Живанши, наследувајќи го Џон Галијано, од 1996 до 2001 година. Во текот на неговата успешна кариера, тој освои четири награди за најдобар британски дизајнер на годината. Во 2010 година, Мек Квин извршил самоубиство, само девет дена по смртта на неговата сакана мајка, Џојс.

Изложбата ќе трае до 17 мај 2015.

 

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...