Рецепт за посебни пригоди: „Петел во вино“ на француски начин

Во најдобрите ресторани низ светот на менито редовно се наоѓа специјалитетот наречен „Coq au vin“, што во слободен превод би значело петел во вино или „пијан петел “. Денес речиси секоја област во Франција има посебно име за ова јадење и се приготвува на ист или сличен начин, но со различно вино.

Според легендата со јадењето „Петел во вино“ бил дочекан Цезар и така овој специјалитет станал задолжително јадење кое се служело секогаш кога Цезар доаѓал во Франција.

Еве како традиционално се подготвувал –

1 петел (кокошка) со тежина од 1,5 килограми или 2 пилиња со иста тежина

Пола шише црвено вино, на пример Pinot Noir.

150 грама сланина исечкана на ситни коцки

250 грама шампињони

12 чешниња лук

2-3 главици кромид (пресирани)

2 моркова, излупени и исечкани на четвринки

Подготовка

Еден ден однапред исчистете го и исечете го петелот на 8 или повеќе парчиња. Залијте го со вино. Додадете го лукот, морковите и билки за зачин по желба, покријте го и ставете го во фрижидер.

Следниот ден, отстранете го месото и зеленчукот од маринираната смеса, а маринадата сочувајте ја за подоцна. Во тава пропржете го месото во масло додека добие светло кафена боја од сите страни. Извадете го месото во чинија, а во истата тава пропржете го кромидот и зеленчукот неколку минути.

Месото и зеленчукот префрлете ги во поголема тава. Прелијте ги со маринадата, наросете сол и црн пипер. Потоа, оставете го да се вари (со капак) на умерен оган 1 до 2 часа.

Во посебна тава испржете ја сланината и печурките, пржете ги 10-на минути. Кога месото е готово, додадете ги сланината и печурките и гответе со постојано мешање уште 2-3 минути. Зачините ако е потребно.

Најпосле, додадете на готовото јадење сечкан свеж магдонос и сервирајте со печен компир и печурки.

Овој специјалитет одлично се „бакнува“ со чаша црвено вино кое го користевте во рецептот при подготовката.

x

Check Also

Летна тава од рерна: Тиквички со пармезан и јогурт

Повкусно и не може да биде. Лесно летно главно јадење карактеристично се ...