Рецепт за совршен „Бејлис“ десерт (само за возрасни)

Ова слатко задоволство се подготвува без печење, варење и стоење покрај шпоретот. Може да го подготвите и додека пријателите се веќе кај вас, а потребни ви се само три минути.

Од состојки потребни се: шлаг, топена чоколада, Плазма бисквити и Бејлис ликер.

Подготовка

Со готов шлаг или шлаг кој сте го направиле сами наполнете една третина од чашата. Потоа врз него додадете растопена чоколада, а врз чоколадата потоа се истура 30 грама ситно здробени Плазма бисквити. Слојот од Плазма бисквити во чашата треба да биде околу 1,5 см.

На крајот се додава Бејлси (50 мл) кој полека ќе се впие во Плазма слојот од бисквити под него. На врвот од купот се става уште еден слој шлаг и се декорира по желба.

x

Check Also

Легендарниот техно диџеј Свен Ват ќе го затвори Таксират 21

Легендарниот андерграунд техно диџеј и поп суперѕвезда, Свен Ват, од многумина нарекуван ...