Ревијата на Валентино ги расплака Наоми Кемпбел и Селин Дион

По ревијата на Валентино, Инстаграм се наполни со емотивни пораки упатени до Пјерпаоло Пичоли, креативниот директор на луксузната модна куќа Валентино кој со својата пролетна колекција успеа да расплака дури две диви – Наоми и Селин Дион.

Селин Дион не можела да ги сопре солзите кои протекле, додека седела во првиот ред, гледајќи ги моделите од новата колекција, но солзи на очите се појавиле и на Наоми, која ја затвори ревијата на големо задоволство на публиката. Според многумина, ова била најемотивната ревија која воопшто е видена.

На ревијата на Валентино доминирале афроамериканските манекенки, односно од 65 манекенки на модната писта, дури 48 биле афроамериканки.

Интересно е што супермоделот Наоми, на модната писта за Валентино се вратила после 14 години.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...