Револуционерна промена на косата со боите од Wella

Wella Professionals Македонија, на 7ми Мај во хотел Queen Т.Ц. Зебра, од 12 до 15ч оддржa Wella настан на кој никој не останa рамнодушен. Голем број на фризери професионалци имаа можност да погледнат и дознаат сѐ за новитетите Wellaplex и Color Fresh Create од Wella Professionals. Претставени се WELLAPLEX и COLOR FRESH CREATE, два нови револуционерни производи за нега и убавина на косата.

На секоја жена, оштетената коса и е проблем број еден, па затоа посакува брза, трансформација во здрава коса.За таа цел на настанот беше претставен  WELLAPLEX производот. Овој производ содржи Opti pH System, технологија која навлегува длабоко во влакното на косата и ги реконструира врските со што се добива поцврсто влакно. Технологија со уникатна pH вредност која гарантира оптимално навлегување на молекулите за осветлување и боење на косата. WELLAPLEX содржи два производи за професионална употреба No1 Bond Maker и No2 Bond Stabilizer, со кој се добиваат веднаш видливи резултати и No3 Hair Stabilizer за домашна употреба.

Неколку храбри девојки не воодушевија со свеж и негуван изглед на косата благодарение на COLOR FRESH CREATE боите од Wella. Овие бои црпат инспирација од модата, природата, индивидуалноста и секојдневието. Највозбудливиот  спектар  кој нуди 12 живописни нијанси и една неутрална, чиста нијанса кои зрачат со перфектност и свежина. Магија од нијанси на бои кои можат и да се мешаат меѓусебно, а траат и до 20 миења.

На настанот присуствуваа Лукаш Рутковски – официјален Wella Professionals тренер, Верче Оречовска – тренер за Wella Professionals Македонија, Ѓорѓе Бјелиќ и Бојан Ивановиќ-Џон – тренери за Wella Professionals Србија, кои како врвни професионалци се погрижија за свежиот и негуван изглед на косата на овие девојки.

За да бидат опфатени сите детали за моден настан, модната дизајнерка Олгица Ѓорѓиевска се погрижи за одличен избор на облека за девојките, а за шминката мејкап артистката Ружица Ристовска со козметика Shiseido.

За свежиот изглед и стилот на косата не постојат ограничувања во годините. Доживејте револуционерна промена  – дајте ѝ живот и боја на косата со Wella Professionals.

 

x

Check Also

“Stasija Make – up”, новиот „хајлајтер“ на македонската мејк-ап сцена

Уметноста на шминкањето е посебна уметност бидејќи се работи на најубавото платно ...