Револуционерниот третман за слабеење присутен и во Македонија!

Диетата со низок внес на шеќер и богата со корисни масти може да биде клуч за превенција од болести и за долговечност, тврди угледниот британски кардиолог д-р Асим Малхотра. За да го истражи влијанието на исхраната врз здравјето, кардиологот ги проучувал жителите на селото Пјопи во јужна Италија.

Пјопи е признато од УНЕСКО како дом на медитеранската исхрана и како најздраво село во светот. Жителите на ова село се познати по тоа дека живеат повеќе од 100 години. Според д-р Малхотра, народната исхрана и стилот на живот многу придонесува за нивната долговечност, бидејќи нивната храна е нивниот лек, што треба да биде порака и за сите останати. Но, таков вид на исхрана не е присутен само во Италија. Уште пред седум години, на нашите простори, се појави таканаречената липосукциска исхрана, која е всушност, прилагодена медитеранска исхрана, обликувана во единствен протокол за слабеење кој на илјадници луѓе од регионот им помогна да ослабнат и да продолжат да живеат како жителите на селото Пјопи. Нивните навики на исхрана во Италија ги проучувал и авторот на липосукциската исхрана, нутриционистот Кенан Мандра од компанијата International Health, кој и самиот изгубил 40 килограми благодарение на ваквиот начин на исхрана, комбинирајќи ја со помошни средства за слабеење, одобрени од Европската агенција за сигурност на храната. Така настанал протоколот „Липосукциска исхрана“, со кој е можно да се изгубат 10 килограми за само 14 дена.

– Протоколот за слабеење вклучува изобилство на свежа риба, маслиново масло, зеленчук, како и растителни влакна кои создаваат постојано чувство на ситост. Ако ги смениме лошите навики и ги исфрлиме слатките, може да направиме чудо за своето тело – тврди Мандра и додава:

 – International Health разви единствен протокол за слабеење кој се темели на медитеранска исхрана, но и на помошни средства како што се аминокиселините кои ви помагаат да ја сочувате мускулната маса, а да го стопите салото.

Метод на слабеење кој се шири низ светот

Липосукциската исхрана се одвива во две фази – фаза на слабеење во која за кусо време ќе го изгубите целиот вишок на килограми и, фаза на одржување на килограмите, што всушност значи да живеете како што живеат жителите на селото Пјопи. Овој метод за кратко време освои многу земји, па така се развиле центри за слабеење на International Health во БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Македонија, како и во земјите кои не се медитерански, како Србија, Бугарија, Романија, Русија и бројни други.

International Health во изминатите години имал повеќе од десетици илјади клиенти кои го минале процесот на преобразба од нездрав начин на живот, преку протоколот за слабеење, до начин на исхрана типичен за долговечните жители од југот на Италија. Се нудат бесплатни консултации и совети како да направите нешто добро за себе, за своето здравје и својот изглед, па меѓу бројните задоволни клиенти се најдоа и бројни познати лица како Халид Бешлиќ, Дејан Матиќ, Жељко Самарџиќ, Тијана Дапчевиќ, Сузана Манчиќ и други. Особено внимание привлече претседателката на Хрватска, која практикувајќи ја липосукциската диета ослабна над 10 килограми.

Сигурност на третманот за слабеење

Липосукциската исхрана ги задоволува сите препораки и стандарди за нутритивни и енергетски потреби на организмот според Европската агенција за сигурност на храната. Помошните средства за слабеење се произведуваат во Германија, според високи фармаколошки стандарди, а фабриката на International Health е членка на GFE (Меѓународното здружение за нутритивни истражувања).

– Третманот за слабеење содржи исклучително природни компоненти, меѓу кои би ги истакнал диеталните влакна на билката конјак глукоманан, чија ефикасност е потврдена од Европската агенција за сигурност на храната. Што се однесува до медитеранската исхрана, таа се темели на самиот Протокол за слабеење, а бројни меѓународни истражувања покажале дека таквиот начин на исхрана е ефикасен не само во борбата со вишокот килограми туку и за превенција од бројни заболувања – потенцира д-р Мандра.

Истражувањето на д-р Малхотра е продолжение на претходните студии кои покажале корисни ефекти на медитеранската исхрана врз целокупното човеково здравје. На пример, меѓународната студија од 2016 година покажа дека планот за исхрана е многу ефикасен и за превенција на болести, како и за слабеење. Главната порака на истражувањето е како некои намирници, особено овошјето и зеленчукот, го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар. Ако почнете да јадете повеќе такви намирници од оние кои претходно сте ги консумирале, може да го намалите ризикот од болести и да го продолжите животниот век. Исто така, нема докази за било каква штетност предизвикана од намаленото консумирање нездрава храна, како што се рафинираните јагленохидрати и шеќери, пржената храна и изобилството на месни преработени производи.

Бесплатни совети за слабеење ќе добиете во Центарот за липосукциска исхрана на „Интернешнл Хелт“ – „Липо Диет Центар“ во Скопје, под раководтсво на д-р Валентина Крстеска. Липо Диет Центарот се наоѓа на ул. Димитрие Чуповски број 22 (во строгиот центар, спроти поранешен „Мекдоналдс“). Или јавете се на телефоните 02/3151714, 070/ 535033.

x

Check Also

Еве зошто се здрави семките од тиква

Иако често ги поврзуваме со грицки за забава во кино, семките од ...