Ричард Гир ќе стане татко по трет пат

На 70-годишна возраст, холивудскиот глумец Ричард Гир, очекува трето дете.

36-годишната сопруга на глумецот, Александра Гир е бремена по вторпат. Бебето се очекува да се роди на пролет.

Гир е татко на Хомер (19) со втората сопруга Кери Ловел, додека шпанската публицистка има 6 годишен син со поранешниот сопруг Алберт.

Двојата која ја дели страста за хуманитарната работа се во врка од 2014 година. Стапија во брак во мај 2018.

x

Check Also

Џенифер Лопез снима нов филм, гардеробата која ја носи е многу шик

Пејачката и глумица снима романтична комедија „Marry me“ а партнер во филмот ...