Ричард Гир повторно стана татко! Неговата млада сопруга му роди уште едно дете

Се роди третото дете на холувудкста ѕвезда Ричард Гир кој, инаку, има 70 години.

Александра Силва, шпанска активистка и ќерка на поранешниот потпресетадел на Реал Мадрид, на познатиот глумец му роди дете – Александар, во 2018 година. Но многу набрзо, таа повторно забременила, и сега на свет го донесе второто синче, трето дете на Гир. Името на бебенцето сè уште не е познато.

Честитки за Ричард Гир и неговата сопруга Александра Силва, кои заедно го дочекаа раѓањето на своето второ дете, – објавија од списанието Хелоу кои ја потврдија веста, откривајќи дека парот е веќе во друштво на нивниот нов син на ранчот во Паунд Риџ, непосредно пред Њујорк.

Новороденчето е брат на постариот син на двојката, нивното прво бебенце, денес двегодишниот Александар, кој се роди во февруари 2018 година. И Ричард (70) и шпанската активистка Александра (37) имаат деца од претходните врски. Глумецот има 20-годишен син, Хомер, од бракот со поранешната сопруга Кери Ловел.  Александра пак, е мајка и на Алберт (7 години), роден во нејзиниот брак со бизнисменот Говинд Фридланд.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...