Ријана искреира модни глупости кои треба да се носат

Очигледно, Ријана не ја бива за креаторка.

Општи реакции предизвика пејачката откако на Јутјуб се појави дел од нејзината нова колекција за сезоната есен/зима за марката Ривер Ајланд. Сепак, договорот од Ривер Ајланд ќе биде испочитуван.

Во обид да ја одбрани дебитанската колекција на Ријана, се огласи нејзиниот менаџер кој кажа дека треба да се земе предвид дека Ријана доаѓа од Барбадос каде температурите се високи, па ги прилагодила летните парчиња на зимски со додавање на повеќе слоеви, крзно и материјал.

Е сега за маскирните парчиња, чудните капи и јакни никој не даде дополнителен изговор. Белки и тие не се „маст хев“ на Барбадос.

 

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...