Пејачката Ријана со изборот на облека го привлече вниманието на црвениот тепих на Мет Гала.
Инспирирана од темата „Модата и католичката имагинација“, Ријана се појави во креација на модната марка Мезон Маргиела, додека нејзината облека оставаше порака дека папата може да биде и секси жена.
Провокативната креација е инспирирана од Ватикан.
За да го надополни изгледот, пејачката носеше накит од Картие и чевли со високи потпетици од Кристијан Лубутен.
