Ријана се здружи со Адам Селман за новата кампања на Savage x Fenty

Пејачката Ријана е ѕвезда во новата кампања Savage x Fenty x Adam Selman. 
Кампањата е за колекцијата на долна облека посветена на Денот на вљубените. Марката за долна облека за првпат соработува со американскиот дизајнер Адам Селман, а резултатот е сензуална и женствена колекција. Всушност, станува збор за две засебни колекции насловени „Locket Dow“ и „Down the Aisle“.
Во фотосесијата за кампњата, освен Ријана, позираат и моделите Џоан Смолс, Фифани Лу, Палома Елсесер и Адесува Аигеви. Колекцијата содржи 19 парчиња долна облека во црна и црвена нијанса. 

x

Check Also

Принцот Чарлс го помина коронавирусот со благи симптоми, ѝ се обрати на јавноста

Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација. 71-годишниот наследник ...