Декемвриското издание на британскиот GQ го краси Ријана трансформирана во камена Медуза.
Фантастичната насловна страница реализирана од славниот фотограф Дејмијен Херст ќе ја одбележи јубилејната 25-годишнина на британското списание GQ.
За таа прилика, изборот падна на Ријана, трансформирана во скаменета Медуза.
Првите фотографии од сесијата ја покажуваат пејачката топлес, со круна од змии.
Списанието ќе излезе во продажба на 31 октомври.