Ријана во есктравагантен стил позира за насловната и едиторијалот на Вог (ФОТО)

Најважното издание на списанијата – септемвриското, секогаш е подебело и поразлично од другите, а особено кога станува збор за модната библија Вог.

Ријана беше изборот на уредниците на британскиот Вог за да ја краси насловната страница. Фотографирана од Ник Најт, популарната поп пејачка за насловната страница носи фустан и ракавици од Прада, а боди од Фенти.

Интересно е што 30-годишната пејачка е прва афроамериканка која се појавува на насловна страница на Вог.

Едиторијалот пак, е проследен со интервју, во кое, меѓу другото, Ријана истакнува дека е задоволна од своите женствени облини кои ги добила во последно време поради мало зголемување на телесната тежина.

Погледнете дел од фотосесијата.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...